Столе Димитриевски стана апсолутен рекордер на Рајо Валјекано

Ова е фантастична сезона за Столе Димитриевски, кој со одличните настапи на голот на Рајо Валјекано урна неколку рекорди на овој шпански прволигаш.

Така, Македонецот на синоќешниот дуел со Гранада стана голман со најмногу настапи во клупската историја на Рајо Валјекано. На врвот повеќе од една деценија се наоѓаше Вилфред со 189 настапи, но вчерашниот меч беше вкупно 190. за Димитриевски како голман на Рајо, со што нашиот репрезентативец се најде на првото место на вечната листа на овој клуб.

Само за потсетување, Димитриевски веќе ги урна рекордите за најмногу мечеви без примен гол во дресот на Рајо и за најмногу вакви мечеви во една натпреварувачка сезона.

Повеќе од јасно е дека Столе е еден од клучните фудбалери на Рајо Валјекано оваа сезона, но управата на клубот се мачи да ја продолжи соработката со Македонецот, кој има далеку подобри понуди за продолжување на кариерата. Димитриевски во следните деетина дена би требало да донесе и конечна одлука околу својата иднина, дали ќе потпише нов договор со Рајо Валјекано или летово како слободен играч ќе замине во нов клуб.

Се вчитува...