Столе Димитриевски во Гимнастик до 2020 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Столе Димитриевски потпиша нов договор со шпанскиот второлигаш Гимнастик Тарагона, со кој ја продолжи верноста кон клубот до 2020 година. Тој оваа сезона треба да го има статусот на прв голман во тимот на Гимнастик, а новата сезона почнува претстојниов викенд.

Гимнастик на стартот ќе биде домаќин на тимот на Алмерија во Втората шпанска лига.

Во националниот тим на Македонија досега Столе Димитриевски забележа 12 настапи.

Се вчитува...