Столе Димитриевски продолжува со извонредните настапи на голот на Рајо Валјекано, што му обезбедија на македонскиот репрезентативец уште еднаш да биде дел од најдобриот тим на колото на шпанската Ла Лига.
Македонецот бранеше извонредно на дуелот со Валенсија, успеа да ја сочува својата мрежа незатресена, за што сосема заслужено беше избран за најдобар голман во 35. коло од шпанскиот шампионат.
Димитриевски во неколку наврати сезонава беше дел од ова избрано друштво, а одличното издание на „Месталја“ е најдобра можна препорака за летен трансфер во Валенсија, ако се знае дека токму овој клуб е лидер во трката за потпис на нашиот репрезентативец, кому летово му истекува договорот со Рајо Валјекано.
🇪🇸 La Liga Team of the Week pic.twitter.com/Cb0wbV46PV
— WhoScored.com (@WhoScored) May 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА