Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е најзаслужниот за ремито без голови на Рајо Ваљекано на гостувањето против големата Барселона на отворањето на новата сезона во Ла Лига.
Димитриевски веднаш е прогласен и за играч на мечот на „Камп Ноу“ благодарение на своите осум одбрани против каталонскиот тим, и максимално концентрираната игра пред големите напаѓачки имиња на домашниот тим.
За Димитриевски ова е трет едноподруго меч против Барселона на кој нема примено погодок, поради што по крајот на дуелот не го криеше задоволството од новото свое феноменално издание.
„Секако задоволство е кога тим како Барселона нема да постигне гол против вас на два едноподруго меча на ‘Камп Ноу’. Но, искрено не гледам дека е некое изненадување ова, затоа што ние веќе ги победивме минатата година и секако посакувавме да го повториме тој резултат. Во секој случај знаевме дека тие ќе доминираат, бевме одлични во одбраната, но и ние имавме некои свои шанси за да дојдеме и до комплетниот плен“ – истакна Димитриевски веднаш по завршувањето на дуелот во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА