Столе и Рајо се кошмар за Барса, освоен и „Камп Ноу“

Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валекано испишаа историја откако во 21. коло од Ла Лига славеа на гостувањето кај Барселона со 0-1 со што за прв пат успеаја да го совладаат каталонскиот гигант два пати во иста сезона.

Интересно, македонскиот голман кој се поврзуваше со трансфер токму во редовите на Барса ги одигра двата меча, а два пати ја сочува мрежата недопрена.

Гарсија уште во 7. минута донесе водство за својот тим, а резултатот 0-1 остана на семафорот до крајот на натпреварот. Траоре имаше сто отстотна шанса да донесе изедначување во 92. минута, но македонскиот голман интервенираше перфектно и спречи да биде совладан. Подоцна имаше и среќа бидејќи во 113. минута неговите соиграчи ја извадија топката од гол линијата.

Денеска историја испиша и Барселона, но црна бидејќи за прв пат каталонскиот тим губи три натпревари во низа на домашен терен во една сезона.

Со новата победа Рајо влегува во нова победничка низа, но во моментот е на 11. место на табелата со 40 освоени бода, 15 помалку од местата кои водат во европските натпреварувања следната сезона. За разлика од нив, со новите испуштени бодови каталонците сега заостануваат 15 бода зад лидерот Реал Мадрид.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...