„Столе комита“ секаде за Вардар – капитенот на ракометарите со поддршка за фудбалерите (ФОТО)

Стојанче Стоилов е синоним за „роден вардарец“, епитет што искусниот ракометар го потврдува секојдневно во изминатите години на самиот терен, но и надвор од него.

Тој е предводник на ракометниот колектив, играчот кој прв го предводеше Вардар во двојната европска круна, но Стоилов е тука и за поддршка на фудбалерите, кои сезонава се натпреваруваат во Втората лига – запад.

Стоилов се појави на трибините на последниот дуел на „вардарци“ на дуелот со Кораби, на кој „црвено-црните“ славеа со 1-0 со гол во самиот финиш, а ракометниот репрезентативец еуфорично го прослави победничкиот погодок на Љамчевски.

Се вчитува...