Столе Димитриевски и Рајо Валјекано ја продолжија мизеријата на Барселона во годинашната сезона, откако во 11. коло славеа со 1-0. Еден од најзаслужните за победата на тимот од Мадрид, беше македонскиот голман кој во 72. минута успеа да му одбрани пенал на Мемфис Депај.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Радамел Фалкао во 30. минута.
Севилја одигра само 1-1 на гостувањето кај Мајорка, а мечот го одбележа „евроголот“ на Ерик Ламела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА