Столе Стоилов го покажа синот – „Раѓањето на Бојан е најубавиот момент за мене и за Деница“

Ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов и неговата сопруга Деница станаа родители. На 19 август во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се роди нивната прва среќа, малиот Бојан.

„Со болницата имам одлично искуство, долги години моето здравје го доверив на професионалците кои работат тука, и затоа токму ‘Аџибадем Систина’ е местото кое го одбравме со Деница за најубавиот момент, доаѓањето на свет на нашето дете. Им благодарам на целиот тим доктори, пред сè на д-р Петровска, која се грижеше за Деница додека беше бремена, а сега нè направи и среќни родители“, вели Стоилов.

Се вчитува...