Столе Стоилов повторно се активираше: Настапи против Бутел, подготвен е за Е. Пелистер

Двократниот европски шампион Вардар стигна до нова победа во плеј-офот од македонската Суперлига откако во премиерниот меч од 7. коло на домашен терен без проблеми славеше против Бутел со 30-22.

Повторно во тимот на македонскиот великан беше Столе Стоилов кој го одигра овој меч и постигна еден гол. Дел од тимот на „црвено-црните“ не беше Милан Лазаревски, па мораше искусниот пикер повторно да го облече дресот.

Сега се поставува прашањето дали Столе ќе биде подготвен и за дербито против Е. Пелистер кое е закажано за во вторник.

Се вчитува...