Столе Стоилов позитивен на коронавирус!

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

 

Секој нов натпревар на Македонија носи и нов проблем за „црвено-жолтите“ на овој европски шампионат. Пред дуелот со Словенија се повреди капитенот Кире Лазаров, а пред вечерашниот меч со Црна Гора поради коронавирус од комбинација отпадна и Стојанче Стоилов.

„Денеска за жал ќе играме без Стојанче Стоилов, кој на последното тестирање доби позитивен тест на Ковид-19, се надеваме Столе како еден од лидерите ќе биде во можност да се врати во составот за скоро време 💪🏻🤾‍♂️🇲🇰

Одиме на победа 💪со срце за Македонија🇲🇰“, објави Ракометната Федерација на Македонија.

Се вчитува...