Столе Стоилов се враќа, проблемите со коленото се минато (ФОТО)

Македонскиот ракометен репрезентативец и капитен на Вардар, Столе Стоилов одлично се опоравува по операцијата на коленото. Тој веќе нема болки и од утре ќе може да почне со вежби и физикална терапија, инфромираат од болницата „Аџибадем Систина“.

„Проблемите со коленото се веќе минато за Столе Стоилов. Неколку дена по операцијата капитенот на денешниот контролен преглед ни откри дека се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности. Докторите, пак, велат дека интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терпија, кои ќе потпомогнат за побрза рехабилитација“ – стои во информацијата од болницата.

Стоилов по освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите со Вардар, за националниот тим го одигра дуелот против Турција, а потоа се повлече од репрезентатицјата за да оди на операција.

 

 

 

 

Се вчитува...