Столе во елемент: На Кире Лазаров му се кренаа акциите

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров вечерва во „Александар Палас“ ја промовираше автобиографската книга „Секогаш на победа“. Најголемиот дел од ракометните работници беа присутни на настанот, а неколку збора за Лазаров, кажа и Столе Стоилов.

Тој во свој стил ја почна изјавата велејќи дека на Лазаров му се кренале акциите…

„Му се кренаа акциите на Лазаров. Тој е селектор, пеналџија, задолжен за се во репрезентацијата и опрема и за се“.

По малата шега на почетокот капитенот на Вардар јавно му се заблагодари на Лазаров за тоа што бил еден од луѓето кој му дал поддршка кога му било најважно во животот.

„Со Кире не сме секогаш со исто гледиште за светот и спортот, но тој е еден од луѓето што ми даде поддршка кога ми беше најважно. Никогаш немаше да бидам ваков играч да не беше Кире“, изјави Столе. 

Се вчитува...