Столе за својата иднина: Не е точно дека сум потпишал за Валенсија, уште немам донесено одлука…

Столе Димтириевски по настапите за македонската репрезентација се врати назад во Шпанија, а нашиот голман таму е интересен за јавноста поради фактот дека за три месеци ќе стане слободен играч и ќе може да ја избере својата следна дестинација во кариерата.

Челниците на Рајо Валјекано веќе подолго време преговараат за нов договор со Македонецот, Вилјареал и Севилја исто така испратија понуди, а пред извесно време мадридскиот весник „Ас“ објави дека Димитриевски веќе потпишал преддоговор со екипата на Валенсија. Сепак, Столе во изјавата за „Радио Марка“ ги демантира овие гласини истакнувајќи дека се уште нема решено чии бои ќе ги брани во наредниот период.

„Немам донесено одлука, не е точно дека сум потпишал за Валенсија или за било кој друг клуб. Во последните три години имаше многу шпекулации за моајта иднина, задоволен сум бидејќи тоа значи дека добро си ја работам работата и постои интерес. Веќе реков, приоритет отсекогашми е Рајо Валјекано и јас сакам да останам овде. Разговараме, клубот треба да ја прифати мојата одлука и јас да ја прифатам одлуката на клубот. Ако решат да донесат нов голман, тоа е нормална работа. За трансфер секогаш треба да се поклопат многу работи, но јас се уште немам донесено одлука за иднината“, изјави Столе Димитриевски.

Се вчитува...