Стоп за Бундес-лигата: Двајца позитивни, цел тим 14 дена во карантин

Бундес-лигата го прогласи 16 мај како датум за продолжение на фудбалските возбудувања во Германија, но лесно може да се случи се да биде одложено по случувањата во второлигашот Динамо Дрезден. Имено, двајца фудбалери на Динамо беа позитивни при најновото тестирање на Ковид-19, иако беа негативни на претходните два теста во изминатите седум дена.

Проблемот е што позитивниот тест следи откако двајцата играчи во последните два дена тренирале со остатокот од тимот, па согласно протоколот сега целокупната екипа и стручниот штаб се ставени во задолжителен 14-дневен карантин.

Во последните две седмици се соочивме со огромен предизвик, на логистички и персонален план, за да ги исполниме сите услови што се бараа од нас. Двајцата фудбалери кои се позитивни никогаш не ги почувствуваа симптомите, но согласно протоколот сега сите членови на тимот се во карантин. Факт е дека не можеме ниту да тренираме ниту пак да играме во следните 14 дена“, изјави спортскиот директор на Динамо Дрезден, Ралф Минге.

На потег се германските власти и челниците на Германската Фудбалска Федерација, кои ќе треба да најдат начин за „прекројување на календарот“ и доигрување на средбите на Динамо Дрезден по нормализацијата на ситуацијата, или пак за ново целосно одлагање на продолжението од првата и втората Бундес-лига.

Се вчитува...