„Стоп“ за преселбата на шпански фудбал во САД

Шпанската фудбалска федерација многу веројатно ќе го блокира планот на Ла Лига за преселбата на дуелот меѓу Џирона и Барселона во Мајами. Одредени извори за шпанските медиуми дури одат дотаму што тврдат дека шансата за одигрување на мечот во САД е „нула“ проценти.

УЕФА, ФИФА, шпанската федерација и Унијата на фудбалерите испратиле писмо до Ла Лига во кое сите се спротивставуваат на идејата натпреварите од Примера да се играат во друга земја.

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, потпиша договор со медиумската компанија Релевант со важност од 15 години, според кој во секоја сезона по еден натпревар од шпанската лига треба да се игра на територијата на САД.

 

 

 

Се вчитува...