Една од трансфер целите на Барселона станува многу поизводлива опција, бидејќи дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, нема намера да го обнови договорот, тврди германскиот весник „Билд“, цитиран и од „Мундо Депортиво“.
Шпанските гиганти го идентификуваа централниот дефанзивец како еден од нивните приоритети за следното лето. Клубот сака да потпише со класичен стопер кој ќе соработува со Пау Кубарси, со оглед дека на почетокот на сезоната го загубија Ињиго Мартинез.
Шлотербек сега изгледа како вистинска опција за Барселона, особено затоа што му се допаѓа на тренерот Ханси Флик, кој му даде шанса да дебитира за германската репрезентација и добро ги познава неговите квалитети. Германскиот репрезентативец одлучи да не го обнови договорот со Дортмунд, и покрај можноста да ја зголеми својата плата за тројно повеќе, односно од 2,5 милиони евра на 8 милиони.
Неговиот тековен договор истекува во 2027 година, и ако Борусија Дортмунд сака да заработи, ќе мора сериозно да размисли да го продаде веќе идното лето. И други клубови се интересираат за потписот како што се Баерн Минхен, Реал Мадрид и Ливерпул.
Во меѓувреме Борусија Дортмунд преговара за ангажман на стоперот Арон Анселмино од Челси, кој игра како позајмен токму во „милионерите“, меѓутоа Челси одбива да преговара сега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

