„Стотка“ од Партизан за Цибона пред гостувањето кај МЗТ во Скопје

Еден од фаворитите за освојување на трофејот во АБА, Партизан со убедлива победа од 81-105 на гостувањето кај Цибона ја започна новата сезона во регионалното натпреварување. Клучна за триумфот беше втората четвртина во која беше скршен отпорот на хрватскиот тим за двоцифрена предност од која домаќините немаа сили да се вратат во игра.

Седум кошаркари на Партизан беа двоцифрени на денешниот натпревар од кои најраположени со по 14 поени беа Пантер и Трифуновиќ. Љубичиќ беше предводник на Цибона со 19 поени, Капуста оствари 15 асистенции, а поранешниот кошаркар на Пелистер, Малешевиќ дебитираше со 10 поени.

Во следниот натпревар од АБА лигата белградскиот гигант гостува во Скопје и СЦ „Јане Сандански“ против МЗТ кој во повратничкото деби на „Јадранот“ убедливо загуби од Црвена Звезда во Белград.

Се вчитува...