Стоук го запре победничкиот старт на Јунајтед… (видео)

По трите едноподруго победи во почетните три кола, Манчестер јунајтед го запиша и првото реми (2-2) во 4. коло од Премиер лигата, на гостувањето против Стоук.

Во главно израмнет натпревар, домашните дојдоа до предност со голот на Чупо-Мотинг во 43. минута. Но, „црвените ѓаволи“ израмнија во 46. минута со голот Рашфорд.

Во вториот дел, гостите стигнаа до целосен пресврт со голот на Лукаку во 57. минута, но Чупо-Мотинг со својот втор гол во 63. минута ги постави конечните 2-2.

All Goals HD Stoke City 2-2 Manchester United… by lifeefoot

По ова реми, Јунајтед се израмни на врвот од табелата со Манчестер сити со по 10 бода. Челси е на третото место со 9 бода.

Се вчитува...