Страхиња Миќовиќ е нов кошаркар на МЗТ Скопје (ФОТО)

МЗТ Скопје продолжува со составување на ростерот со кој повторно ќе настапи во АБА првенството. По продолжување на соработката со македонски репрезентативци и ангажманот на Американецот Мајк Кафи, нов кошаркар на актуелниот шампион е Страхиња Миќовиќ.

Српскиот интернационалец со богатo АБА-лигашко искуство во македонскиот тим доаѓа од редовите на Морнар со кој во регионалното првенство бележеше просек од 5.9 поени и 3.1 скок на 25 одиграни средби, a се натпреваруваше и во ФИБА Еврокупот.

Триесетгодишниот крилен центар во минатото ги бранеше боите на Раднички, ОКК Београд, ФМП, Борац Чачак, Игокеа, како и германските Мителдојчер и Бон. Тој е познат по пожртвуваноста во играта и се очекува да биде големо засилување за „сино-белите“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MZT Skopje Aerodrom (@kkmztskopje)

Се вчитува...