Македонскиот интернационалец Музафер Ејупи изгледа страотно откако пред два дена беше нападнат од таксист во центарот на Копривница. Хрватскиот прволигаш ги објави фотографиите од фудбалерот, реагирајќи на соопштението на полицијата дека се работи за „лесни физички повреди“.
„Нашиот играч Музафер Ејупи се наоѓа на домашна нега во својот дом во Копривница и се опоравува од тешкиот физички напад и претрпените „лесни физички повреди“ кои ги доживеа пред два дена.
За какви „лесни“ повреди се работи може да се види од приложените фотографии. На Музо му посакуваме брзо опоравување со што помалку последици и што е можно побрзо враќање на зелените терени за да можеме заедно да остваруваме подобри резултати. Исто така би сакале да апелираме на сите до хрватски медиуми одговорно и објективно да ја информираат јавноста“, се вели во реакцијата од НК Славен Белупо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА