Страшен инцидент меѓу Хамилтон и Ферстапен – Холанѓанецот ја заврши трката (ВИДЕО)

Неверојатен прв круг ни донесе трката за Големата награда на Велика Британија која се вози на патеката Силверстоун. Главните конкуренти за освојување на титулата Луис Хамилтон и Макс Ферстапен имаа дуел во текот на целиот прв круг од кој подебелиот крај го извлече Макс Ферстапен.

По неколкуте дуели на работ на дозволеното со Британецот, болидот на Ред Бул заврши во заштитната ограда, по што заврши трката за актуелниот лидер во генералиот пласман. Целата ситуација од дуелот меѓу двајцата ја искористи возачот на Ферари, Шарл Леклер кој го презеде водството во трката.

 

Се вчитува...