Страшен пад на американски скијач во Аделбоден (ВИДЕО)

Трката од вториот велеслалом во рамките на Светскиот куп во швајцарски Аделбоден е во прекин поради страшниот пад на американскиот скијач Томи Форд.

Американецот ја стартуваше како четврти трката, немаше големо заостанување зад дотогаш водечкиот, но губејќи контрола под голема брзина падна на глава и се заби во заштитната ограда.

Како што информираат организаторите, Форд ја загубил свеста, по што веднаш е префрлен во клиничкиот центар во Аделбоден. Од неговиот тим најавија дополнителни информации иако првично се соопштува дека е во стабилна состојба.

 

Се вчитува...