Страшна повреда на Нејмар – ПСЖ останува без Бразилецот? (ВИДЕО)

ПСЖ стигна до нови три бода во француското првенство откако славеше на гостувањето кај Сент Етјен со 1-3. Домаќините први поведоа во мечот, но останаа со играч помалку пред крајот на првото полувреме. Тоа го искористија гостите кои до полувремето изедначија, а во второто стигнаа и до целосен пресврт.

Во сенка на победата остана страшната повреда на Нејмар кој во 84. минута успеа да се избегне клизечки старт, но лошо доскокна и веднаш во болка почна да се тркала по теренот. Бразилецот веднаш сигнализираше за промена и наговести дека станува збор за тешка повреда која според првичните информации ќе го оддалечи од теренот подолго време.

Се вчитува...