Страшна повреда во Мајнц, Авонији итно пренесен во болница (видео)

Страшен судир со главите на двајца фудбалери предизвика неколкуминутен прекин на натпреварот Мајнц – Аугсбург, при што подебелиот крај го извлече домашниот голгетер Таиво Авонији.

Младиот напаѓач, кој настапува за Мајнц како позајмен играч од Ливерпул, се судри со главата со еден противнички играч, а потоа и лошо се приземји, по што остана да лежи како покосен на тревата. Лекарските служби неколку минути му укажуваа прва помош на теренот, по што Авонији веднаш беше пренесен во клиниката во Мајнц.

Останува по деталните прегледи да биде обелоденето за каква точно повреда станува збор, со надеж дека состојбата на младиот голгетер не е премногу сериозна.

Се вчитува...