Страшна сообраќајка во Истанбул: Кошаркарот на Ефес спаси жива глава

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Брајант Данстон, имаше многу голема среќа да остане без посериозни повреди по сообраќајната несреќа што ја имаше во Истанбул.

Тој со својот автомобил се забил во позадината од камионот што возел пред него, при што предницата од неговото возило се најде целосно под камионот. Поради оштетувањето на автомобилот Данстон со многу мака бил извлечен преку задниот дел од возилото, тој веднаш бил пренесен во болница, но за среќа не се здобил со посериозни повреди.

„Минувавме под надвозник, пишуваше дека висината е четири метри, но јас закачив малку и морав да закочам. Зад нас беше автомобил, контејнерот што го носев падна врз него“, изјави возачот на камионот.

Агентот на Данстон, Мишко Ражнатовиќ, на твитер објави дека Американецот има само полесни повреди на раката и состојбата му е сосема стабилна.

Се вчитува...