„Страшната“ Германија е во финале: Лекција за Мексико, на ред е Чиле

Германија се пласираше во големото финале од Купот на Конфедерациите, откако „панцирите“ вечерва го декласираа националниот тим на Мексико со убедливи 4-1. Само за потсетување, Јоаким Лев за ова натпреварување се реши за селекција од резервни фудбалери кои воопшто не се стартери во првиот тим на Германија, но и со ваков комбиниран состав „црно-белите“ делуваат застрашувачки на стадионите ширум Русија.

Тоа на своја кожа го почувствуваа и Мексиканците, кои по само десет минути игра се најдоа во негатива од два гола. Човек на одлука беше Горецка, откако фудбалерот на Шалке набрзина постигна два погодоци и експресно ги разреши дилемите околу победникот. Актуелниот светски првак потоа рутински го контролираше полуфиналето до самиот крај, стигнувајќи и до трет погодок преку Тимо Вернер, пред Фабијан да постигне еврогол од триесетина метри за утеха на мексиканскиот состав во 89. минута. Сепак, тоа не беше се во ова полуфинале бидејќи Германците ставија точка во судиското продолжение, откако Јунеш постигна гол за конечни 4-1 на додавање на Емре Џан.

Германија во големото финале ќе се сретне со јужноамериканскиот првак Чиле, селекција со која светските шампиони во групната фаза ремизираа 1-1.

Leon Goretzka Goal HD – Germany 1 – 0 Mexico… by sporttv724

2-0 Leon GORETZKA Goal Germany 2-0 Mexico – 29… by MixxiTV1

3-0 Timo Werner Goal HD – Germany vs Mexico 29… by claytonashurst

Marco Fabian Goal HD – Germany 3-1 Mexico 29… by football365life2Younes Goal HD Germany 4 – 1 Mexico 29-06-2017 by livgol

Се вчитува...