Страшни сцени во Лион: Терие падна како покосен

Молк завладеа на стадионот „Жерлан“ откако фудбалерот на Лион, Мартин Терие, падна како покосен за време на првото полувреме од дуелот со Тулуз.

Во тој момент крај него немаше ниту еден противнички фудбалер, Терие се струполи на земја без контакт од противнички играч, па лекарските екипи морааа под итно да интервенираат додека навивачите и соиграчите стравуваа за животот на овој млад фудбалер.

Тој беше изнесен од теренот, а според првичните информации од Франција по укажаната лекарска помош не се наоѓа во животна опасност. Првата дијагноза е дека не станува збор за проблеми со срцето како што се стравуваше во моментот на немилата сцена, туку за нерв во вратот поради кој фудбалерот на Лион извесно време не можел да се движи.

За очекување е по завршувањето на мечот на „Жерлан“, тренерот и лекарскиот тим на Лион да соопштат повеќе детали за здравствената состојба на овој фудбалер.

Се вчитува...