Први снимки од таксистот кој прегази навивачи на Мексико… (ВИДЕО)

Постојани се заканите за можни напади за време на Светското првенство во Русија… Првата голема несреќа се случи вчера кога во главниот град Москва таксист влета во група пешаци.

Како што информираат руските медиуми, таксисот кој е по потекло од Киргистан влетал во пешаците меѓу кои била група навивачи од Мексико…, при што прегазени се осум лица. За среќа ниту еден, по укажаната лекарска помош, не е во животна опасност. Веќе се појавија и првите видео снимки од несреќата.

Првата помисла на многумина беше дека се работи за терориристички акт. Но, таксистот и неговата компанија го демантираат сето тоа наведувајќи дека возачот едноставно поради преголем премор заспал на воланот и случајно се втурнал во групата.

Се вчитува...