Страшни сцени: Жижиќ колабираше на терен, соиграчите од Макаби плачеа додека лекарите го носеа во болница

Страшни сцени се случија за време на денешниот дуел од израелскиот шампионат меѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Хаифа, откако хрватскиот центар Анте Жижиќ падна и со главата удри во паркетот од теренот.

Веднаш стана очигледно дека ситуацијата е многу сериозна, судиите привремено го прекинаа мечот, а лекарите од двата тима притрчаа за да му укажат помош на центарот кој неподвижно лежеше на теренот. Останатите кошаркари на Макаби не можеа да поверуваат што се случува, не криејќи ги солзите од овој шокантен настан.

Како што јавуваат хрватските медиуми, по укажаната прва помош Жижиќ се разбудил, но медицинските лица решиле повторно да го успијат, по што со возило на брза помош бил пренесен во најблиската болница во Тел Авив.

Според „24Sata.hr“, Хрватот се разбудил во болницата, се чини дека е избегнато најцрното сценарио, но се уште нема конкретни информации за неговата состојба.

„Сите видовте што се случи, тој е во болница, се наоѓа во добри раце. Се надеваме дека не е ништо сериозно“, соопшти портпаролот на Макаби.

Видеото од страшната случка и реакцијата на кошаркарите на двата тима можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...