Страшни вести од лекарите на Ливерпул – Крај на сезоната за Хендерсон

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, би можел да го пропушти остатокот од сезоната. Хендерсон се повреди на мечот од Премиер лигата против Евертон и сигурно е дека ќе биде надвор од терените нешто повеќе од два месеци. Сепак, големи се шансите Хендерсон да го пропушти целиот остаток од сезоната.

Ваквите прогнози ќе се остварат ако тој замине на операција на препоните, а одлуката за тоа ќе ја донесе Хендерсон. Со повредата на капитенот, се продолжува страшната серија на повреди со која се соочува актуелниот англиски шампион.

Причините за лошите резултати на Ливерпул треба дефинитивно да се бараат во сите повреди што им се случија оваа сезона, па мора да се признае дека навистина Ливерпул нема среќа. „Црвените“ моментално се наоѓаат на шестото место во Премиерлигата со 40 бода.

Се вчитува...