Страшни вести од Париз: Ракометар на ПСЖ прободен со нож на новогодишната ноќ

Страшни информации стигнуваат од Париз, откако вечерва беше обелоденето дека ракометарот на ПСЖ и на француската репрезентација, Елоим Пранди, морал да ја мине ноќта во болница откако бил прободен со нож за време на инцидент во „градот на светлината“.

Пранди беше повикан од селекторот Жил на подготовките за ЕП 2022, но откако „триколорите“ добија слободни денови за празниците тој решил новогодишната ноќ да ја мине со пријатели. Детали за инцидентот не се обелоденуваат, но јасно е дека ракометарот го извлекол подебелиот крај.

„Елоим Пранди беше жртва на насилнички напад минатата ноќ во Париз и се здоби со неколку убодни рани. Ракометарот е задржан во болница, но не се наоѓа во животна опасност“, објави ПСЖ на официјалната веб-страница.

Останува да се види колку долго овој ракометар ќе отсуствува од терените и дали ќе може да настапи за Франција на претстојниот европски шампионат.

Се вчитува...