„Страшно“ дерби во Хрватска: Велковски стрелец, Ристовски асистент, Динамо се врати по 0-3 за реми со Ријека (ВИДЕО)

Неверојатен дерби натпревар во 11. коло од шампионатот на Хрватска меѓу водечките Ријека и Динамо Загреб, кој на крајот заврши без победник 3-3, и покрај тоа што домашните на полувремето имаа предност и од 3-0.

Во пресметката на тимовите и на двајцата македонски репрезентативци, Дарко Велковски и Стефан Ристовски, извонреден фудбал со неверојатно враќање на „модрите“ во второто полувреме.

Ријека по првиот дел имаше 3-0 со двата гола на Дрмиќ во 7. и во 38. минута, и третиот на Дарко Велковски во 41. минута од средбата.

Но, ниту тоа не беше доволно Ријека да ја однесе победата, откако загрепчани во второто полувреме преку Петковиќ напрво намалија на 2-3, а потоа во 82. минута дојдоа и до конечни 3-3 со голот на Андриќ а на кој извонредно асистираше македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски со одличен центаршут пред голот на домашните до Андриќ.

Аријан Адеми, поради повредата заработена на квалификацискиот натпревар со Германија, не беше во составот на Динамо Загреб.

Се вчитува...