Страшно: Фудбалер на Ајакс колабираше на теренот (ВИДЕО)

Фудбалерот на Ајакс, Абделак Нури (20) колабираше за време на пријателскиот меч со Вердер Бремен и е префрлен во болница, а лекарскиот тим се бори за неговиот живот. Во второто полувреме од овој меч, во 73.минута, Нури падна на тревата, а судијата веднаш ја прекина играта барајќи медицинска помош за младиот фудбалер. Тој потоа со хеликоптер е префрлен во најблиската клиника.

Сите се надеваат дека сепак ќе пристигнат позитивни вести за фудбалерот на Ајакс…

Се вчитува...