СТРАШНО – Фудбалер сака итно да си оди од Галатасарај зошто Турчин ја опседнува жена му! (ВИДЕО)

Уругвајскиот фудбалер Лукас Тореира итно сака да го напушти Галатасарај и Истанбул.

Тореира има многу проблеми на личен план, бидејќи човек опседнат со неговата сопруга му создава проблеми веќе некое време.

Сопруга на Тореира е турската актерка Деврим Озкан, која е опседната од турски државјанин жител на Истанбул. Неодамна се појавија и видеа на кои се гледа како тој го напаѓа Тореира во трговски центар во Истанбул.

Дотичниот човек беше уапсен и помина неколку месеци во затвор, од каде што беше ослободен оваа недела.

Но, откако беше ослободен, повторно ја нападнал сопругата и возачот на Тореира, велејќи му:

„Дојдов да го завршам она што го започнав“.

Тореира веднаш го контактирал својот агент Пабло Бентанкур, барајќи од него да му најде нов клуб подалеку од турскиот град.

30-годишникот е член на Галатасарај од 2022 година.

Се вчитува...