Два дена по големата трагедија во која животот го загуби првиот човек на Лестер, Вишаи Шривадханапрахба, се појави и видео снимено внатре од стадионот „Кинг Пауер“, крај самиот терен, на кое се следи движењето на хеликоптерот се до неговиот пад.
Видеото го објави таблоидот „Сан“ и истото е проследено до официјалните лица кои ја водат истрагата, а во него се гледа како хеликоптерот полетува, достигнува височина над стадионот, а потоа одеднаш почнува да се врти и се урива веднаш зад стадионот.
На луѓето на самиот терен веднаш им станува јасно дека се случува голема трагедија, по што почнуваат да трчаат надвор, кон местото на несреќата.
Видеото на „Сан“ од страшната несреќа може да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА