Страст, тензија, дерби…МЗТ Скопје и Работнички во нова битка за градот

Претендентите за кошаркарската титула, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички вечерва во „Јане Сандански“ (20.15) ќе го одиграат првото сезонско дерби. Во 144. пресметка меѓу големите ривали, Работнички ќе се обиде да ја продолжи доминацијата во меѓусебните дуели, но и да ја продолжи успешната серија од минатата сезона во која беше надмоќен во пресметките со МЗТ и го детронизираше „сино-белиот“ клуб по шест сезони.

Факт е дека МЗТ Скопје се наоѓа во подобар натпреварувачки ритам, бидејќи и во АБА 2 се среќава со квалитетни противници. Од друга страна, ние минатото коло во домашното првенство бевме слободни, така што подолго време сме без натпревар. Овој факт, заедно со отсуството на Чековски, го прави МЗТ фаворит, но тоа никако не значи дека ние однапред ќе се предадеме. Ова е дерби натпревар на кој решава мотивацијата, ние ќе сториме се за да стигнеме до позитивен резултат, ќе одиграме најдобро што знаеме, како што тоа секогаш е случај на дерби-пресметките со МЗТ Скопје“ – вели Марин Докузовски.

Во актуелното првенство, Работнички е непоразен по четири одиграни натпревари, додека МЗТ има еден пораз од пет дуели. Минатата сезона, Работнички имаше биланс од 3-1 во првенствените пресметки со МЗТ, а во финалната серија беше убедлив и дојде до титулата по само три одиграни средби. МЗТ единствено беше поуспешен во битката за трофејот ов Купот.

„Добро знаеме што значат овие дерби-натпревари, во кои не победуваат секогаш подобрите, туку поинспирираните. Уште е рана фаза од сезоната, но решени сме да дадеме се од себе за пред нашите верни навивачи да стигнеме до првата дерби-победа за оваа сезона. Сметам дека Работнички се обидува да игра многу слична кошарка на онаа од ланската сезона во која стигна до титулата, ние ќе се обидеме да го наметнеме сопствениот стил на игра, за кој верувам дека може да ни донесе резултат“ – изјави тренерот на „металците“, Ѓорѓи Кочов.

Дербито се очекува да донесе и голем дуел на навивачките групи на двата клуба. МЗТ скопје ги повика фановите од противничкиот табор да бидат дел од првиот сезонски спектакл.

 

 

 

Се вчитува...