Страв од политички провокации – Бугарите дома со Македонија во Разград наместо во Софија?

Бугарската Фудбалска Федерација сериозно ја разгледува опцијата за менување на градот – домаќин за претстојниот дуел со Македонија на 2 јуни, со кој ќе почне новото издание на Лигата на Нации.

Бугарите своите домашни натпревари традиционално ги играат на „Васил Левски“ во Софија, но слабите резултати придонесоа да дојде и до очајна посета на овие средби. Како една од причините за промената на планот се наведува и стравот за политички провокации на сметка на Македонците, што би можело да предизвика и сериозна финансиска казна од УЕФА.

„Ова е тема на која размислуваме веќе извесно време. Дискутиравме и со стручниот штаб, некои натпревари да ги играме надвор од Софија. Една од опциите е Македонија да ја пречекаме во Разград. Сепак, ова се само размислувања и разговори, немаме одлучено ништо дефинитивно“, изјави техничкиот директор на репрезентацијата, Ѓорги Иванов – Гонзо.

Покрај Македонија и Бугарија, дел од истата група во Лигата на Нации се уште и селекциите на Грузија и на Гибралтар.

Се вчитува...