Стразбур ги изненади „кнезовите“, триумф за Монпелје

Монако го забележа вториот последовен пораз на домашен терен, откако загуби од Стразбур со 1-3. „Кнезовите“ не можат да пронајдат победнички ритам, а тоа фудбалерите на Стразбур знаеја да го искористат. Гостите поведоа со голот на Лудовик Ажорке, а во вториот дел стрелаа и Адриен Томасон и Стефан Митровиќ. Почесниот погодок за Монако беше дело на Стеван Јоветиќ.

Монпелје со триумфот над Дижон од 2-1 се искачи на четвртото место на табелата. Сент Етјен со 2-1 славеше против Ним, а во последните десетина минути на теренот беше Влатко Стојановски.

Се вчитува...