Брајтон официјално го објави трансферот на белгискиот репрезентативец Максим де Кајпер од Клуб Бриж.
24-годишниот лев бек, кој може да игра и на крилната позиција, пристигнува за трансферна сума од околу 20 милиони евра плус можни бонуси, откако потпиша со „Галебите“ за пет години – до јуни 2030 година.
Де Кајпер неодамна се етаблираше во белгиската репрезентација , откако веќе одигра 10 натпревари и постигна 3 гола за „Црвените ѓаволи“, од кои еден против Македонија во ремито 1:1 во квалификацискиот натпревар одигран на 6. јуни во Скопје.
Инаку, Белгиецот е младински играч на Бриж и има запишано 114 натпревари и 9 гола за тимот. Со тимот, Де Кајпер стана шампион во сезоната 2023/24, а минатата сезона го освои и националниот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА