Стротман од лето го засилува Интер?

Холандскиот интернационалец Кевин Стротман е голема желба на италијанскиот калчолигаш Интер. Тој во летниот преоден рок би можел да се пресели на „Џузепе Меаца“, откако раководството на клубот одлучи да ја исполни желбата на тренерот Лучијано Спалети. Интер е во трка за пласман во Лигата на шампионите, и доколку тимот ја оствари целта, тогаш Стротман треба да биде големото засилување во средниот ред на „нероаѕурите“.

Рома има поставено отштетна клаузула вредна 45 милиони евра за Холанѓанецот, но Интер се надева дека Холанѓанецот и за помала сума би се одлучил за нов предизвик, да се пресели во Милано.

Се вчитува...