Струга 2017“ – Металург со Шартр, Охрид во група со Бешикташ

Струга е подготвена за 45.издание на традиционалниот ракометен турнир „Струга 2017“ што ќе се одржи од 12 до 15 август на теренот кај „Женска плажа“.Како бранител на титулата и годинава во Струга доаѓа францускиот Шартр. Од странските клубови на годинашниот турнир ќе настапат уште и турскиот Бешикташ и шведскиот вицешампион Алингсас.

Македонија на струшкиот турнир ќе ја претставуваат Металург, Охрид и домаќинот Струга.

Според ждрепката, во Групата А ќе играат: Бешикташ, Алингсас и Охрид, а во Групата Б се: Металург, Струга и Шартр.

Се вчитува...