Струга без шанси против Металург

Металург очекувано лесно и рутински стигна и до втората победа на Струшкиот турнир откако славеше над домашната екипа со 35-24. Разликата во квалитет беше очигледна, па и покрај честите ротации во тимот избраниците на Зоран Кастратовиќ лесно и убедливо стигнаа до бодовите.

Уште на самиот почеток беше јасно кој е кој на овој нањтпревар, откако по неколку минути игра гостите од Скопје поведоа со 1-5. Потоа водството беше рутински контролирано, на одмор се замина со водство на Металург од 17-12, за на самиот почеток од вториот дел скопјани да стигнат до „плус девет“ (22-13), а до крајот позитивата да стигне до конечни единаесет гола разлика.

Металург со овој триумф е второпласиран во групата и ќе се бори за третото место на турнирот, додека стружани ќе бидат последнопласирани во својата група и ги очекува битка за седмото место на ова натпреварување.

Се вчитува...