Струга го декласираше преморениот Металург

Струга славеше над Металург со 35-21, меч во кој домаќините максимално го искористија заморот кај гостинските играчи и стигнаа до заслужени бодови. Само за потсетување, Металург пред помалку од 24 часа го совлада Тиквеш, за денеска да отпатува за Струга, меч за кој скопкиот тим беше дополнително ослабен поради заминувањето на Златко Хорват.

Во една таква ситуација беше јасно дека „металурзите“ немаат многу шанси за успех на денешното гостување. Струга знаеше како да ја искористи укажаната шанса, уште на полувреме поведе со убедливи 17-9, за до крајот да ја зголеми позитивата до огромни „плус четиринаесет“.

Барјактаревиќ со десет погодоци беше најзаслужен за убедливата победа на стружани, додека кај Металург најефикасен во поразот на последниот меч годинава беше Лазаревски со седум погодоци.

Се вчитува...