Струга го истури бесот врз Борец, убедлив триумф и на Радовиш

Ракометарите на Струга ја прекинаа серијата порази откако вечерва лесно и убедливо славеа над Борец со 40-22. „Фенерџијата“ на табелата претрпе уште еден убедлив пораз, откако уште во првото полувреме се соочија со двоцифрена негатива (18-8). Стружани продолжија со силно темпо до крајот, триумфирајќи со конечни 18 гола разлика, како најава за излез од големата криза.

Крстаноски беше прв стрелец со шест погодоци во победничкиот тим, по пет гола за Струга постигнаа Трпчевски и Тренчевски.

Убедлива победа денеска забележа и тимот на Радовиш, кој триумфираше со 31-19 против Вардар јуниор. Како пресудна се покажа цврстата одбрана што домаќините ја одиграа во второто полувреме, во кое младите „вардарци“ за 30 минути постигнаа само шест погодоци. Ивица Илиев одигра уште еден одличен натпревар во нападот за радовишани постигнувајќи 13 гола, додека прв стрелец на Вардар јуниор беше Крстевски со пет погодоци.

Се вчитува...