Струга лесно го совлада Скопје

Во денешниот натпревар во ракометната Супер-лига, екипата на Струга со 35:24 го совлада составот на Скопје. Стружани уште по првиот дел се стекнаа со голема предност, која ја одржуваа до крајот на мечот за убедлив триумф.

Од минута во минута Струга само ја зголемуваше разликата, а првиот дел го заврши со 18-10. На стартот од вториот дел со три гола по ред, Струга стигна до најубедливата предност до тогаш од 11 разлика, а потоа ја создаде и највисоката разлика од +14 (30:16).

Прв стрелец на натпреварот беше Славе Јанковски кој постигна 10 гола, а зад него Барјактаревиќ постигна девет. Во поразениот тим Василевски и Пеширски постигнаа по четири погодоци.

Се вчитува...