Ракометарите на Струга ја запишаа и втората победа сезонава во Суперлигата на Македонија, триумфирајќи со 26-25 во драматичен натпревар против Куманово во 7. коло.
Стружани имаа водство од еден до три гола во поголемиот дел од мечот, но дозволија противникот во последните пет минути да ја анулира предноста и да дојде до предност.
Гостите успеаја да дојдат до пресврт и во 59. минута имаа и водство од 24-25. Но, со два гола во последните 90 секунди од средбата, стружани дојдоа до
Наум Костов со осум гола беше најдобар поединец кај Струга, Мечкароски постигна седум гола а Савески заврши со шест погодоци. Кај Куманово, Радојичиќ постигна осум гола.
Куманово, по овој пораз остана само на една победа во досегашниот тек од сезоната. Струга е на деветтото место на табелата со две победи и пет порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

