Во рамките на летните подготовки пред стартот на новиот шампионат, екипата на Струга Трим Лум оствари убедлива победа од 6-0 против тимот на Арсими.
Стружани заминаа на пауза со минимално водство од 1:0, благодарение на погодокот постигнат во 30-тата минута од средбата.
Во вториот дел двократниот шампион на Македонија постигна уште пет погодоци за конечен триумф од 6-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
