Струга ТЛ го најде „рецептот“ и за Шкендија, прв триумф на Работнички, Брегалница од пенал ги совлада „лавовите“ (ВИДЕО)

Струга Трим Лум дојде до четвртата победа во сезоната, откако денеска оствари голема победа на гостувањето кај Шкендија. Тетовци влегоа со хендикеп затоа што не играа на домашен терен во Тетово, туку во Струмица. Шкендија остана и со играч помалку откако исклучен беше Цаке во 44. минута. Стружани тоа го искористија и со голот на Малески во 50. минута се стекнаа со водство. Стружани продолжија со доминацијата, а Бесарт Ибраими после еден противнапад зголеми на 2-0, и не се радуваше на погодокот. Со тоа Струга го задржа првото место на табелата со максимални 12 бодови, а Шкендија го претрпе првиот пораз сезонава.

Конечно, и Работнички дојде до триумф. На теренот на ФФМ, „романтичарите“ со головите на Рушевиќ и на Ганбо, дојдоа до победа над Тиквеш со 2-0. Головите беа постигнати во првиот дел од средбата.

Брегалница стигна до вреден триумф против Македонија ЃП. И покрај тоа што ѓорчепетровци се покажаа како незгоден ривал, сепак, во 55. минута Алтипармаковски беше прецизен од белата точка. Илиевски стартуваше над Додев, и направи пенал, кој прецизно го реализираше голгетерот на штипјани.

Шкупи со два гола дојде до триумф на Автокоманда над аутсајдерот Скопје. Хамиди најдобро се снајде пред голот на Скопје, откако издрибла неколку играчи, и од непосредна близина погоди во мрежата на Ефремов во 4. минута. Во 90. минута Данфа зголеми и ги постави конечните 0-2.

Вчера Силекс и Академија Пандев одиграа 1-1.

ПМФЛ, 4. КОЛО

СИЛЕКС – АК. ПАНДЕВ 1-1

(Обадовиќ 37′ – Велиновски 43′)

РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 2-0

(Рушевиќ 20′, Гандо 44′)

ШКЕНДИЈА – СТРУГА Т.Л. 0-2

(Малески 50′, Ибрами 70′)

БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0

(Алтипармаковски (п) 55′)

СКОПЈЕ – ШКУПИ 0-2

(Хамиди 4′, Данфа 90′)

ПОБЕДА слободна

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...