Струга ТЛ, и со втор пораз од исландски Бреидаблик, заврши со Европа… – Ништо од историја! (ВИДЕО)

Струга ТЛ заврши со европските настапи по вториот пораз од исландски Бреидаблик во плејофот за пласман во групите од Конференската лига на УЕФА.

По оној пораз од 0-1 во Охрид, стружани денеска загубија со идентични 1-0 и на реваншот на Исланд, по што останаа без можноста да испишат историја со пласман во групната фаза на едно европско натпреварување.

Единствениот гол на мечот за победа на Бреидаблик се случи уште во 3. минута од натпреварот. Еинарсон од левата страна убаво се прошета низ дефанзивата, и со прецизен удар го совлада Ќосевски за предност и победа на дуелот.

Македонскиот шампион имаше само една шанса во првото полувреме, во 44. минута преку Ибраими кој шутираше непрецизно.

Во второто полувреме македонскиот тим имаше повеќе од играта, доминација и неколку убави можности за израмнување кои не успеа да ги искористи. Сепак, на крајот, низ последните десет минути и Исланѓаните имаа две 100% шанси и за поубедлива победа но не ги реализираа за конечни 1-0.

Се вчитува...