Струга ТЛ сака европско деби без пораз во Летонија

Струга Трим Лум денеска од 16 часот против летонска Лиепаја го очекува европското деби во клупската историја.

Стружани го играат првиот натпревар од квалификациите во УЕФА Конференциската лига, верувајќи дека можат до позитивен резултат во Летонија преку кој потоа на реваншот за една недела ќе се борат за продолжување на европското лето.

„Знаеме дека сме дебитанти на европската сцена, и секако максимално го почитуваме противникот. Сепак, подготвени сме да дадеме се од себе за да оствариме добар резултат во Летонија и потоа во реваншот да се бориме за пласман во следната рунда. Ова ќе биде двомеч во кој ќе одлучуваат детали, затоа мора да бидеме максимално концентрирани во текот на целиот дуел“ – вели шефот на стручниот штаб на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски.

Се вчитува...